Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Унгарскиот парламент во вторник го избира шефот на државата

    Унгарскиот парламент во вторник го избира шефот на државата

    06.08.2026 во 21:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Парламентот на Унгарија во вторник, на 11 август, ќе гласа за новиот претседател на Републиката, иако сè уште нема номинирани кандидати.

    Промената на шефот на државата беше едно од ветувањата дадени од премиерот Петер Маѓар откако неговата партија Тиса победи на априлските избори по 16 години владеење на поранешниот премиер Виктор Орбан, пишува денес бриселскиот „Евроњуз“.

    Унгарската влада во јули искористи уставен амандман за да го отстрани претседателот на Републиката, Тамаш Шујок, кого премиерот го нарече „куклата“ на Орбан.

    Потоа Маѓар ѝ ја понуди функцијата претседател на шаховската легенда и поранешна светска шампионка Јудит Полгар, која одби, наведувајќи ја како причина длабоката политичка поделба во Унгарија.

    Начинот на кој премиерот постапи со номинацијата беше критикуван од пратениците и невладините организации кои тврдат дека, спротивно на неговото претходно ветување, немало вистински јавни консултации за назначувањето на шефот на државата.

    Маѓар на тоа одговори дека Тиса само побарала препораки, дека не иницирала „консултации со општеството“ и дека конечниот избор е на пратеничката група на неговата партија и Парламентот.

    Во објава на социјалните мрежи од минатиот месец, Маѓар ги покани партиите, јавните личности, граѓанското општество и сите други да достават предлози за претседателската функција.

    Претседателската функција во Унгарија е претежно церемонијална и привремено ја држи претседателката на Парламентот, Агнеш Форстхофер.

    Како што пишува Јуроњуз, неколку невладини организации и партии предложиле кандидати за претседателската функција, а Маѓар се сретнал со бројни личности и други потенцијални кандидати. Меѓу нив се професорот по право и поранешен претседател на Куријата (Врховниот суд) Андраш Бака, историчарот Игнак Ромшич и адвокатот Ботонд Филеп. Разнишувајќи ја моќта на Орбан, Филеп откри тајно претседателско помилување во случај со педофилија, што во 2024 година доведе до оставка на тогашниот претседател на Унгарија, Каталин Новак.

    Според Маѓар, новиот претседател треба да го одразува националното единство и да ѝ служи на земјата без партиско-политичко минато или припадност.

    Сега во опозиција, партијата Фидес на Орбан објави дека нема да учествува на претседателските избори и тврди дека отстранувањето на Шујок било „нелегитимно“.

    Парламентот го избира претседателот со двотретинско мнозинство на тајно гласање. Доколку првото гласање не успее, се одржува второ со двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови, а тогаш не е потребно двотретинско мнозинство.

    Во случај второто гласање исто така да биде неуспешно, се поднесуваат нови номинации и се одржуваат нови избори.

    Избраниот претседател ја презема функцијата осмиот ден по објавувањето на резултатите, откако претходно ќе положи заклетва во парламентот.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.