Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Украински министри од Давос: Ни требаат 500 до 700 милијарди долари за Армијата

    Украински министри од Давос: Ни требаат 500 до 700 милијарди долари за Армијата

    20.01.2026 во 17:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинската армија во следната деценија ќе има потреба од неколку стотици милијарди долари странска помош за нејзино одржување, изјавија денеска во Давос двајца украински министри, пренесе ДПА.

    Според украинскиот вицепремиер Тарас Качка, одговорен за интеграцијата на земјата во Европската унија и НАТО, трошоците би можеле значително да пораснат доколку не се промени однесувањето на Русија.

    „Доколку агресивното однесување на Русија кон Европа и светот не се промени, тогаш трошоците би достигнале 700 милијарди долари“, изјави Качка за време на панел-дискусијата на Светскиот економски форум во Давос.

    Министерот за економија Олексиј Соболев појасни дека станува збор за дополнителни трошоци за одбрана кои не се вклучени во државниот буџет и за кои ќе биде потребно финансирање од други извори.

    Тој наведе дека буџетските трошоци за одбрана на Украина во следните 10 години се проценуваат на речиси 500 милијарди долари.

    Украина речиси четири години се брани од руската инвазија со поддршка од странски партнери.

    Според податоците на Институтот за светска економија од Кил, на Украина досега ѝ е обезбедена воена помош во вредност од повеќе од 234 милијарди долари, пренесе ДПА.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52

    Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа

    19.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.