УХМР со вонредна прогноза: Од утре силен северен ветер со брзина од 90 км на час
Силен северен ветер кој на места ќе достигне брзина и над 90 километри на час ќе дува утре претпладне.
Синоптичарите најавуваат дека ветерот ќе почне да дува во северните делови, а во текот на денот и во останатите делови, особено долж Повардарието, што ќе услови значително намалување на дневната температура.
Покрај ветерот, за утре се најавува и локален дожд и грмежи. Веќе од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.
06.07.2020 - 12:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа