Во среда и четврток претпладне времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, но во попладневните часови се очекува дестабилизација проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Поради високата енергија во атмосферата, на одделни места процесите ќе бидат во форма на невреме.
„Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер“, информираат од УХМР.
Во Скопската Котлина времето исто така ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Сепак, во делови од котлината ќе постојат услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.


