Цените на пијалаците на годинашниот US Open повторно привлекуваат внимание кај посетителите, особено поради високите суми што треба да се издвојат за пиво, вода и препознатливиот коктел на турнирот.

Најпознат е „Honey Deuce“, официјалниот коктел на US Open, кој годинава чини 23 долари. Направен е од вотка, лимонада и ликер од малина, а се служи со топчиња од диња и во колекционерска чаша што посетителите можат да ја задржат. Коктелот годинава одбележува 20 години од појавувањето на турнирот, а лани биле продадени околу 800.000 чаши.

Ниту пивото не е евтино. Во зависност од продажното место и големината, цените се движат од околу 14 до 16,5 долари, додека безалкохолното пиво чини околу 12 долари. На дел од официјалните продажни места, флаширана вода од 500 милилитри се продава за 7,25 долари, а поголема од 750 милилитри достигнува и 12 долари.

За газиран безалкохолен пијалак посетителите плаќаат околу 9 долари, ладен чај 8,5 долари, а специјалните коктели најчесто чинат меѓу 19 и 23 долари.

Високите цени се дел од пошироката комерцијална понуда на турнирот, кој покрај тенисот одамна се претвори и во голем гастрономски и забавен настан. Сепак, за посетител што ќе купи само едно пиво, вода и „Honey Deuce“, сметката лесно надминува 45 долари, без храна.

Exit mobile version