Сите општински основни училишта во Чаир се приклучија на големата еколошка акција „Излези и придружи се!“, организирана од Град Скопје, вклучувајќи ги учениците и училишниот кадар во активностите за чистење и грижа за животната средина.

Во училишните дворови и околните површини беа спроведени активности за чистење, преку кои учениците дадоа свој придонес за почиста и поуредна средина, станувајќи дел од заедничкиот ангажман што се реализираше на територијата на Скопје.

Учеството на училиштата од Чаир во оваа акција имаше и едукативен карактер, поттикнувајќи ја свеста кај учениците за важноста на заштитата на животната средина и одговорноста кон заедничките простори.

Почист Чаир и почисто Скопје започнуваат и со едукацијата и примерот што им го даваме на младите генерации.

Exit mobile version