Примената на вештачката интелигенција и аналитичките алатки во даночната администрација треба да биде придружена со јасни цели, квалитетни податоци и одговорност за донесените одлуки, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на седмата Германско-македонска конференција за контролинг, што денеска се одржа на Хајделберг Факултетот во Скопје.

Како што стои во соопштението на УЈП, во своето обраќање на конференцијата Петрова посочила дека не е предизвик само воведување на аналитички алатки и вештачка интелигенција во контролингот, туку да се создаде систем којшто ќе знае што да прави со знаењето што го добива од тие алатки.

– Предизвикот не е само да воведеме аналитички алатки и вештачка интелигенција во контролингот, туку да создадеме систем што знае што да прави со знаењето што го добива од овие алатки – рече Петрова.

Контролингот во УЈП, вели, опфаќа планирање, следење, известување, анализа и приспособување. Неговата цел, наведува Петрова, не е само да покаже што се случило, туку и да помогне при одлучувањето што треба да се направи.

Exit mobile version