Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работа средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата се разговараше за економската соработка, регионалниот развој како и европската интеграција на Македонија.

Двајцата соговорници ги потенцираа можности за унапредување на економската и трговска соработка како две земји со традиционални добри односи и создавање дополнителни врски меѓу компаниите.

Во делот на инфраструктурниот развој, министерот ја потврди определбата на Владата за реализација на инфраструктурните проекти, со посебен акцент на капиталните инвестиции и нивното влијание врз регионален развој, подобрување на поврзаноста и создавање услови за економски раст.

Хрватска останува важен партнер и поддржувач на европскиот пат на Македонија, како и на реформските процеси што се спроведуваат во земјата.

Двете страни изразија подготвеност за унапредување на соработката во областите од заеднички интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.

Exit mobile version