Претседателот на фудбалскиот клуб Ботев, Илијан Филипов, ноќеска е убиен во Пловдив, објавија тамошните медиуми повикувајќи се на бугарското Министерство за внатрешни работи. Трагедијата се случила додека Филипов се враќал дома по фудбалски натпревар, а според прелиминарните извештаи, причина за смртта е прострелна рана во главата.

На вонреден брифинг, полицијата и обвинителите го потврдија убиството, но одбија да откријат детали поради тајноста на истрагата. Моментално на местото на настанот се во тек процедурални и истражни дејствија, а службениците ги истражуваат сите можни теории во врска со инцидентот. Покрај спортскуот ангажман, Филипов беше и истакнат бизнисмен, сопственик на транспортни и градежни компании.

Exit mobile version