СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Според пријавата, на 7 февруари 2026 година, првопријавената, поранешна вработена во еден угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот на објектот со закана дека ќе објави на социјалните мрежи фотографии кои наводно ја прикажуваат несоодветната постапка со храната, со цел да создаде негативна слика за угостителскиот објект, доколку не биде вратена на работа или не ѝ се исплатат 5.000 евра.
Во извршувањето на делото ѝ помогнал второпријавениот, кој учествувал во реализацијата на заканата.

