Дваесетгодишен француски државјанин утрово бил пронајден без знаци на живот на лежалка на плажа во албанското туристичко место Ксамил. Според првичните информации од полицијата, станува збор за насилна смрт.
Албанските власти излегоа со официјални детали за идентитетот на жртвата и за осомничениот за овој инцидент.
„Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на Сократ Вата, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој веднаш по инцидентот избегал, стои во полициското соопштение.“
Полициските тимови веднаш го обезбедиле теренот и го започнале процесот на истрага.
Полициските служби продолжуваат со проверките за пронаоѓање и апсење на осомничениот сторител.
Во меѓувреме, Истражната група е на местото на настанот и, под раководство на Обвинителството, работи на расветлување на околностите и целосно расветлување на случајот.


