Вчера околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија.
При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет.
Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Масовна пресметка со камења во Батинци: Приведени осум лица и двајца малолетници, оштетено и полициско возило
- Вознемирена мајка се јавила во Полициска станица Кисела Вода: Мојата 14-годишна ќерка е силувана
- Турнал скала со вработен во ЕВН и физички нападнал друг со тврд предмет – полицијата приведе скопјанец
- Почина уште еден пациент од западнонилска треска на Инфективна, хоспитализирани се 20 лица
- Мицкоски: Армијата е силата што стои зад безбедноста на државата
- Мисајловски: Модернизацијата на Армијата тече според планот, пристигнуваат и првите нови хеликоптери
- Сиљановска-Давкова од Охрид: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира
- Тошковски од Охрид: Силна Армија и силна полиција значат сигурна Македонија


