Убиен 40 годишен полицаец во Велес
Утринава околу 2:30 минути итната медицинска помош примила повик за интервенција на ул. Максим Горки во Велес.
Прегледот на лекарскиот тим констатирал смрт кај маж на околу 40 годишна возраст кај кого била утврдена убодна рана од нож во пределот на градниот кош. Од СВР – Велес, велат дека починатиот бил полицаец и во тек е истрага за случајот.
Повеќе детали најавија во текот на денот.
29.09.2021 - 10:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа