Close Menu
    Најново

    Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор

    30.12.2025 во 19:13

    Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин

    30.12.2025 во 18:49

    Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш

    30.12.2025 во 18:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Уапсени тројца Бугари во Демир Хисар: Краделе македонски народни носии

    Уапсени тројца Бугари во Демир Хисар: Краделе македонски народни носии

    10.12.2025 во 14:11
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Тројца државјани на Република Бугарија се уапсени вчера во Демир Хисар поради сомнение за кражба и незаконско изнесување културно наследство од земјата, информира Министерството за внатрешни работи.

    На 09 декември 2025 во 11:50 часот, на улицата „Вељко Влаховиќ“, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода А.К. (44), К.К. (48) и В.Г. (50), кои биле затекнати во две возила со бугарски национални ознаки – „Фолксваген Голф“ и комбе „Пежо Боксер“.

    При преглед на возилата, полицијата пронашла предмети и делови од македонски народни носии, за кои уапсените не можеле да го докажат потеклото. Етнолог од Музејот во Битола утврдил дека се работи за елементи од традиционални носии што претставуваат културно наследство со забрана за продажба и изнесување во странство без дозвола.

    Тројцата осомничени се задржани во полициската станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за кривичните дела „кражба“ и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.