Градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, денеска е уапсена по наредба на Основното јавно обвинителство во градот.
Според неофицијалните информации, на Војиновиќ ѝ е одреден притвор во траење до 48 часа, по што со поднесена кривична пријава ќе биде спроведена на распит пред надлежниот обвинител.
Засеа официјалните детали за конкретното кривично дело за кое се товари, како и околностите кои доведоа до нејзиното лишување од слобода, сè уште не се соопштени од надлежните институции.

