Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уапсен во Косово убиецот од Скопската чаршија: 25-годишен Турчин го избодел Ахмет Мерт Доган четири пати во срцето

    Уапсен во Косово убиецот од Скопската чаршија: 25-годишен Турчин го избодел Ахмет Мерт Доган четири пати во срцето

    02.01.2026 во 12:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје го расчисти убиството што се случи на новогодишната ноќ во Старата скопска чаршија. Осомничениот, 25-годишен турски државјанин со престој во Тетово, е лишен од слобода во Косово.

    Според истрагата, инцидентот почнал со банална расправија во кафе-бар меѓу осомничениот и двајца други турски државјани (на возраст од 22 и 23 години). Оштетените заминале кон плоштадот, но бидејќи не успеале да најдат такси, се вратиле назад кон Чаршијата. При повторната средба пред истиот локал, расправијата ескалирала.

    Осомничениот извадил нож и му нанел четири убоди во градниот кош и срцето на оштетениот Ахмет Мерт Доган, кој починал на лице место. Со убодна рана во грбот се здобил и неговиот пријател, кој за среќа преживеал.

    Убиецот веднаш побегнал, но бил идентификуван преку снимки од видео надзор. По распишаната потрага, тој е уапсен од косовските власти. ОЈО Скопје веќе побара притвор во отсуство за да се започне итна постапка за негова екстрадиција во Македонија.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.