Турци измамиле Македонец - уплатил за стан, па останал и без пари и без стан
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.А.(48) и А.А.(51), двајцата од Република Турција, со привремен престој во државата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 21.01.2024, А.А. се договорил со друго лице за купопродажба на стан.
Подоцна, со лажно прикажување на факти, оштетениот бил доведен во заблуда и на Н.М.А. преку банка уплатил 810.000 турски лири и на тој му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од околу 3.321.000 денари.
09.10.2024 - 17:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа