Google воведе нови опции за заштита од кражба на телефони

 


Гугл објави нови опции дизајнирани да ги заштитат паметните телефони кои работат на Андроид од кражба, односно заштита на податоците во случај некој да го украде телефонот. Иако овие опции беа претставени пред речиси пет месеци, тие дури неодамна почнаа да се појавуваат на некои модели на Андроид.


Според информациите од корисник на Reddit, две такви опции, „Theft Detection Lock“ i „Offline Device Lock“, сега се достапни на неодамна претставениот телефон Xiaomi 14T Pro. Третата опремена опција, „Remote Lock“, не се појави на овој уред, но е достапна на некои други Андроид.

Се очекува овие опции наскоро да се појават и на други телефони со оперативен систем Андроид.

Веројатно најинтересната опција во која се користи вештачката интелигенција (AI) се однесува на препознавање на вообичаените движења поврзани со кражба. На пример, ако некој одеднаш ви го одземе телефонот од рака и почне да трча или брзо вози со велосипед или автомобил, вештачката интелигенција ќе заклучи дека можеби е кражба и ќе го заклучи екранот на телефонот за да не може крадецот да пристапи до содржината на телефонот.

Опцијата „Offline Device Lock“, како што сугерира името, го заклучува телефонот кога е исклучен од мрежата, пренесува Zimo.

Иако опцијата „Најди го мојот уред“ на „Гугл“ им овозможува на корисниците да го заклучуваат телефонот од далечина, „Далечинско заклучување“ го дозволува истото, но без користење на лозинка на Google или во случај опцијата „Најди го мојот уред“ да биде исклучена. Google вели дека само вашиот телефонски број е доволен за да ја активирате оваа опција.

Google не објави никакви конкретни информации за тоа кога овие опции би можеле да се појават на поголем број телефони, но според досегашното искуство можеме да очекуваме дека нема да се појавуваат за сите истовремено, туку постепено ќе станат достапни на различни модели.

09.10.2024 - 19:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега