Close Menu
Press24
    Најново

    Три клиники добија нови директори

    17.11.2026 во 19:56

    Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените

    17.11.2026 во 19:40

    Жерновски: Мицкоски е копија на Вучиќ

    17.11.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Три клиники добија нови директори
    • Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените
    • Жерновски: Мицкоски е копија на Вучиќ
    • Министерот Ферати оствари средба со студентите на Правниот факултет при ЈИЕУ
    • Минчев на министерски состанок на ReSPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услови
    • Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу нив и малолетници
    • Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде пуштен во функција од следниот семестар
    • Затворен Кримскиот мост по украински ракетен напад со „Фламинго“ – пријавени се сериозни оштетувања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Три клиники добија нови директори

    Три клиники добија нови директори

    17.11.2026 во 19:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски, денес ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи-Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

    За директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија е именуван вонр. проф. д-р Владимир Андреевски, специјалист интернист и супспецијалист гастроентерохепатолог, раководител на одделот за ендоскопија при Клиниката и генерален секретар на Македонското здружение за гастроентерохепатологија. Автор е на над 120 рецензирани труда во домашни и меѓународни списанија, со експертиза во интервентната ендоскопија и ЕРЦП.

    За директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија е именуван асс. д-р Панче Караѓозов, специјалист по дигестивна хирургија, со стручно усовршување по лапароскопска хирургија во Виена и Истанбул и активно учество на меѓународни конгреси од областа на колопроктологијата и хепатобилијарната хирургија.

    За директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија е именуван асс. д-р Благоја Србов, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, асистент на Катедрата по хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје и еден од основачите на Македонската асоцијација за реконструктивна микрохирургија (MARM).

    Министерот Клековски им честиташе на именуваните и им посака успешна работа, нагласувајќи ја очекуваната одговорност во водењето на трите клиники — стабилно и предвидливо работење, воведување нови методи и постапки, скратување на листите на чекање и зголемена доверба на пациентите.

    Претходно денес министерот Клековски ги прими и досегашните директорки — проф. д-р Мери Трајковска и прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска-Павловска, на кои лично им се заблагодари за соработката и за постигнувањата во водењето на клиниките.

    Благодарност упати и до досегашниот директор на Клиниката за дигестивна хирургија, проф. д-р Огнен Костовски. Проф. д-р Костовски и прим. д-р Ѓорѓиевска-Павловска со своите тимови беа на првата линија во справувањето со последиците од трагедијата во Кочани, а под раководство на проф. д-р Трајковска на Клиниката за гастроентерохепатологија беа воведени четири нови методи на лекување.

    Прочитај повеќе

    Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените

    17.11.2026 во 19:40

    Жерновски: Мицкоски е копија на Вучиќ

    17.11.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.