Close Menu
Press24
    Најново

    Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените

    17.11.2026 во 19:40

    Жерновски: Мицкоски е копија на Вучиќ

    17.11.2026 во 19:30

    Министерот Ферати оствари средба со студентите на Правниот факултет при ЈИЕУ

    17.11.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените
    • Жерновски: Мицкоски е копија на Вучиќ
    • Министерот Ферати оствари средба со студентите на Правниот факултет при ЈИЕУ
    • Минчев на министерски состанок на ReSPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услови
    • Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу нив и малолетници
    • Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде пуштен во функција од следниот семестар
    • Затворен Кримскиот мост по украински ракетен напад со „Фламинго“ – пријавени се сериозни оштетувања
    • Ангелов ја поздрави акцијата на МВР: Граѓанин ми се пожали дека му барале 500 евра, го упатив да пријави
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените

    Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените

    17.11.2026 во 19:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност од надлежните институции и истраги и судски постапки без политички влијанија. Тоа беа барањата на Каја Шукова од СДСМ на мирниот протест одржан вечерва пред СВР Охрид, а организиран по физичкиот напад врз Сара Ѓорѓиеска.

    Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци.

    – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова.

    Таа повика на одговорност и сериозност од сите надлежни институции, вклучително Министерството за внатрешни работи, локалните полициски служби, обвинителството и центрите за социјална работа.

    Според неа, борбата против семејното насилство треба да ги обедини сите граѓани, без разлика на политичката, верската или која било друга припадност.

    Прочитај повеќе

    Жерновски: Мицкоски е копија на Вучиќ

    17.11.2026 во 19:30

    Министерот Ферати оствари средба со студентите на Правниот факултет при ЈИЕУ

    17.11.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.