Од 1 септември почнува да сообраќа градскиот воз од Зелениково до Железничка станица Скопје
Првиот воз ќе тргнува во 6:20 часот од Зелениково и преку станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче ќе пристигнува на Железничката станица Скопје.
Овој воз ќе сообраќа 8 пати во денот, со тргнувања од Зелениково уште и во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и последниот во 21:55.

Патувањето од Зелениково до Скопје ќе трае од 24 до 28 минути.
Во обратен правен, од Железничка станица Скопје до Зелениково ќе сообраќа исто така 8 пати на ден и по истата траса. Првиот воз од Скопје ќе тргнува во 5:32 часот наутро, а потоа и во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и последниот во 20:56.

Патувањето од Скопје до Зелениково ќе трае од 24 до 26 минути.
Возниот ред се однесува на периодот од 1 септември 2026 до 31 декември 2026.

