Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трет ден пратениците расправаат за буџетот – Поднесени 224 амандмани, за опозицијата власта го бира лесниот пат

    Трет ден пратениците расправаат за буџетот – Поднесени 224 амандмани, за опозицијата власта го бира лесниот пат

    06.07.2026 во 08:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година во второ читање.

    Станува збор за трет ден од општата расправа во матичната комисија, по чиј завршеток ќе следува разгледување на поднесените амандмани. За ребалансот се доставени вкупно 224 амандмани – 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од Коалицијата ВРЕДИ. Согласно собранискиот Деловник, комисиската расправа може да трае најмногу десет работни дена, по што предлогот ќе се најде на пленарна седница.

    Образложувајќи го ребалансот, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека измените не се резултат на недостиг на приходи или нарушена ликвидност, туку на потребата буџетските проекции да се усогласат со актуелните економски услови. Според неа, со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за редовна исплата на плати во секторите каде што има зголемување, за поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и за интензивирање на капиталните инвестиции.

    Таа посочи дека расходите за стоки и услуги се намалуваат за околу 837 милиони денари преку реалокација на средства, додека капиталните инвестиции се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари и ќе достигнат речиси 46 милијарди денари, што претставува раст од 14,5 проценти во однос на првично планираниот буџет.

    Според министерката, буџетскиот дефицит ќе биде ревидиран на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бруто-домашниот производ, при што, како што нагласи, зголемувањето првпат е директно поврзано со повисоки капитални расходи и инфраструктурни инвестиции.

    Во текот на досегашната расправа, пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека ребалансот претставува неопходно усогласување на јавните финансии со актуелните економски услови и овозможува повеќе средства за плати, социјални трансфери, капитални проекти и инфраструктура. Од опозицијата, пак, сметаат дека Владата повторно се потпира на повисок буџетски дефицит и ново задолжување, без да понуди суштински решенија за инфлацијата, растот на цените и другите економски предизвици.

    Со предложениот ребаланс, вкупните приходи се проектирани на 379,5 милијарди денари, при што даночните приходи остануваат речиси непроменети и изнесуваат 213,2 милијарди денари. Неданочните приходи се зголемуваат за речиси две милијарди денари, а донациите за околу 2,7 милијарди денари.

    Вкупните расходи се ревидираат на 425,8 милијарди денари. Дополнителни средства се предвидени за земјоделски субвенции, железничкиот сообраќај, спортот, студентскиот и ученичкиот стандард, како и за реализација на капитални проекти од стратешко значење.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.