Тренчевска: Очигледно на СОНК им се важни само парите, не зборуваат за условите на работа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска кажа дека на СОНК очигледно им се важни само парите, а не зборуваат за унапредување на правата на вработените, условите за работа и останатите работи.

– Правото за штрајк е регулирано со Закон за работни односи и колективните договори за детска заштита и образование. Тие се децидни дека работодавачот ги исплаќа придонесите, но нето платата на секој вработен треба да ја исплати СОНК. Не дека не сака, државата нема основ како да ја исплати плата, рече Тренчевска.

Таа додава дека од вработените во градинките се барало да се води евиденција кој штрајкува за работодавачот, т.е. државата, да може да им исплати плата на оние кои редовно оделе на работа, а другите треба да ја побараат платата од СОНК.

– Член 240 го дава правото на штрајк, а член 241 се однесува на тоа дека синдикатот треба да исплати плата. Ова е штрајк за барање унапредување на работничките права. Со одлуката за штрајк СОНК се повикува на усогласувањето со минималната плата, а законот за минимална плата има рок од шест месеци за усогласување, рече Тренчевска. 

19.04.2022 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега