Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постигнатиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас претставува почеток на нова ера на стабилност на Блискиот Исток. Во интервју за американски медиуми, тој нагласи дека „цел свет се обедини“ околу мировната иницијатива и дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат нејзината имплементација.

Трамп изрази уверување дека по овој договор ќе следи траен мир и дека во процесот би можеле да се вклучат и други земји од регионот, вклучително и Иран.

– Ова е неверојатен момент. Сите држави во регионот, и муслимански и арапски, стојат зад овој чекор. Ова е добро за Израел, добро за муслиманите и добро за САД – рече Трамп.

Тој најави дека како прв чекор ќе се спроведе ослободување на сите заложници и постепено повлекување на израелските сили до договорените линии. Дел од мировниот план предвидува и меѓународна поддршка за реконструкција на Газа.

Трамп најави дека наскоро ќе ја посети и регионот, вклучувајќи ја и посета на Египет, каде што ќе разговара со регионалните лидери за спроведување на мировниот процес.

Exit mobile version