Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати остри критики до претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, нарекувајќи ги неговите постапки „обичен театар наменет за јавноста“. Реакцијата доаѓа по објавата на Трендафилов дека чека претставник на Владата во просториите на Синдикатот, иако, според Манасиевски, состанокот со гранковиот синдикат УПОЗ веќе бил однапред закажан.

„Со ова се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ стојат СДС и Левица“, истакна Манасиевски. Тој обвини дека на првиот човек на ССМ не му е приоритет зголемувањето на платите, туку нанесувањето политичка штета на актуелната власт.

Манасиевски потсети дека ССМ молчел за двоцифрената инфлација и ценовните шокови во времето на претходната власт. Според него, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не бега од дијалог, но бара тој да биде сериозен и суштински, наместо насочен кон политички поени.

Exit mobile version