Управата за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година.
За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на
апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ.
Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.
Напомeна: во овој момент 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што УЈП не е во можност да ја реализира исплатата.
Од УЈП апелираат доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата МојДДВ. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ.
Актуелно
- Ужас го потресе светот: 11 дечиња затруени во градинка, итно пренесени во болница
- Кривична пријава за 40-годишна кумановка – полицијата и упадна во домот и пронајде дрога
- Николоски и Тошковски со одлични вести за транспортерите: Воведувањето на новиот систем се одложува, камионџиите ќе бидат третирани како пилотите
- Тошковски упати честитки до македонските граѓани: Од 120.000 прекршоци паднавме на само 500 дневно
- Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени пет лица
- Пресретнати среде ноќ кај Богородица: Седум странци паднаа во рацете на полицијата при обид за илегален излез
- Македонија и Естонија ги зајакнуваат врските: Сиљановска-Давкова повика на поголеми естонски инвестиции
- Хорор во Солун: Изгоре автобус во движење

