Експлозивна направа е фрлена врз семејната куќа на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ во населбата Дедиње, објави српскиот портал „Нова.рс“. Според информациите од агенцијата „Танјуг“, од силната експлозија е предизвикана голема материјална штета.
Првичните извештаи од теренот потврдуваат дека во инцидентот нема повредени лица. Полициски екипи и дежурен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград се веќе на местото на настанот и вршат увид.
Засега се претпоставува дека станува збор за рачна бомба, но истрагата треба да ги утврди мотивите за овој напад кој ја вознемири јавноста. Полицијата работи на идентификација на сторителот.

