Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога

    15.02.2026 во 10:25

    СДСМ: 40 милиони евра помалку за земјоделците, за да има повеќе за криминални тендери

    15.02.2026 во 10:20

    Денеска не излегувајте без чадор: Поројни дождови и силен ветер низ Македонија

    15.02.2026 во 10:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога
    • СДСМ: 40 милиони евра помалку за земјоделците, за да има повеќе за криминални тендери
    • Денеска не излегувајте без чадор: Поројни дождови и силен ветер низ Македонија
    • Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
    • Јаневска: Новиот закон за средно образование носи современи стандарди и дигитализација
    • ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
    • Зајкова на Св.Трифун: Задоцнети, нетранспарентни мерки и намалени субвенции за лозарите
    • Винарската визба „Тиквеш“ го одбележува Св. Трифун во знакот на одржливоста и иновациите во винската индустрија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан

    Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан

    19.09.2025 во 17:11
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

     Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера на прес конференцијата  со британскиот премиер Кир Стармер, навести дека сака да ја врати воздухопловната база Баграм во Авганистан под контрола на САД, четири години по повлекувањето на американските трупи од земјата. 

    Пред Стармер тој даде изјава за овој план што го споменуваше и претходно, но кој, се чини, сега доаѓа во центарот на неговото внимание.

    -Ја сакаме назад таа база, рече Трамп за време на заедничката прес-конференција, наведувајќи ја нејзината стратешка локација. „Тоа е на еден час лет од местото каде што Кина го произведува своето нуклеарно оружје“. 

    Коментарот на Трамп се случи ден пред тој да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг, додека Вашингтон и Пекинг продолжуваат со трговските разговори што би можеле да го отворат патот за нивната средба во октомври.

    Иако Трамп водеше трговска војна со Кина, неговата администрација се воздржа од преземање строги мерки против Пекинг, за кои експертите велат дека се неопходни за да се одговори на растечката безбедносна закана што ја претставува за САД, пишува Фајненшл тајмс.

    Кина во последните години брзо ги проширува своите нуклеарни сили, што предизвикува загриженост во Вашингтон дека САД наскоро ќе имаат работа со друга нуклеарна сила еднаква на Русија. 

    Пентагон минатата година објави дека Народноослободителната армија на Кина го зголемила својот нуклеарен арсенал на 600 боеви глави до средината на 2024 година, што е годишен раст од 20 проценти.

    Враќањето на Баграм под контрола на САД би барало преговори со владата на талибанците, која управува со Авганистан откако Америка целосно се повлече во август 2021 година. 

    Адам Болер, претставникот на Трамп за заложници, и Залмај Калилзад, кој беше главен преговарач на САД со талибанците од 2018 до 2021 година, во последните месеци направија повеќе патувања во Кабул.

    Двајцата неделава отпатуваа во главниот град на Авганистан на разговори со шефот на дипломатијата на талибанците, Амир Кан Мутаки, за да преговараат за размена на затвореници. 

    Министерството за надворешни работи на талибанците објави дека разговорите вклучувале „инвестициски можности и други перспективи во Авганистан“, додавајќи дека „сега е отворена можност за нормализација на односите“.

    Featured
    Популарно

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    Апасиев: Левица ќе и поднесе кривична пријава на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

    14.02.2026 во 13:45

    Манасиевски: Пола влада во затвор ќе отидеше затоа ме суспендираа, вака изјавува поранешната обвинителка Лејла Кадриу за нејзината истрага за пожарот во модуларната болница

    14.02.2026 во 12:28

    Илинден го одбележа Свети Трифун: Градоначаникот го закрои лозјето

    14.02.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.