Претседателот на САД, Доналд Трамп планира да свика самит на светските лидери посветен на ситуацијата во Појасот Газа за време на неговата посета на Египет следната недела, објави американскиот портал Аксиос повикувајќи се на четири извори.
Предвидено е Трамп на 13 октомври да го посети Израел и да одржи говор пред Кнесетот, а потоа ќе отпатува за Египет. Таму е предвидено и потпишување на договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас со претставници на гарантите – Египет, Катар и Турција.
Според извори за Аксиос, самитот најверојатно ќе се одржи во египетското летувалиште Шарм ел Шеик, каде се преговараше за мировниот договор.