Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за температурите измерени денеска во 14 часот низ градовите во Македонија.
Најтопло е во Гевгелија каде живата во термометарот се искачи до 40,2 степени. Веднаш зад неа се Демир Капија со 39,1 и Струмица каде се измерени 38,8 степени.
Високи температури се регистрирани и во останатите градови:
- Велес: 38,6 °C
- Скопје (Зајчев Рид и Петровец): 38,4 °C
- Кавадарци: 38,2 °C
- Куманово: 37,0 °C
- Штип: 36,7 °C
- Тетово: 36,0 °C
- Битола: 35,0 °C
- Охрид: 33,8 °C
Најсвежо во 14 часот било на Попова Шапка со измерени 23,2 степени, додека за мерните станици во Пожаране, Маврови Анови и Лазарополе неутврдени се податоци.


