МВР информира дека вчера, во 14:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.Љ.(28) и Л.Љ.(31), двајцата од Кичево.

При претрес во нивниот дом и во деловна просторија каде работеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дигитални ваги и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version