Вкупно 149 лица се отсечени кај вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако невреме го уништи патот што води до локалитетот, соопшти прес-службата на локалните власти.
Од нив, 117 се туристи и водичи и тие ќе бидат евакуирани, додека преостанатите 32 лица се возачи кои засега ќе останат со своите возила до пробивањето на патот .
Туристите и водичите со хеликоптер ќе бидат префрлени до селото Есо, од каде што со автобуси ќе бидат превезени до Петропавловск-Камчатски.


