Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп од Самитот на Г-7: Кина остана целосно неутрална, Русија не се вмеша

    Трамп од Самитот на Г-7: Кина остана целосно неутрална, Русија не се вмеша

    18.06.2026 во 11:222 Mins Read
    President Donald J. Trump delivers remarks at Verst Logistics Manufacturing in Hebron, Kentucky on Wednesday, March 11, 2026. (Official White House Photo by Joyce N. Boghosian)
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави ставот на кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин за време на конфликтот со Иран, оценувајќи дека нивната неутралност придонела за полесно спроведување на напорите на Вашингтон за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран.

    На прес-конференција одржана за време на Самитот на Г-7 во Евиан, Трамп им се заблагодари на Кина и Русија за нивното воздржување од директно вмешување во конфликтот.

    „Само сакам да им се заблагодарам затоа што ги направија работите многу полесни“, изјави Трамп, осврнувајќи се на постигнатото примирје во конфликтот со Иран.

    Тој посебно го истакна кинескиот претседател Шји Џјинпинг, за кого рече дека Кина останала „целосно неутрална“, додека за рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека исто така не се вмешал во конфликтот.

    „Можеше да ни биде многу потешко ако тие одлучеа поинаку“, додаде Трамп.

    Во меѓувреме, Кина официјално изрази поддршка за меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, кој има цел да придонесе за завршување на конфликтот и намалување на тензиите.

    Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во телефонски разговор со неговиот ирански колега Абас Арагчи, го поздравил „одговорниот и дипломатски пристап“ на Техеран во решавањето на спорните прашања и напредокот постигнат во преговорите.

    Од иранска страна, Арагчи го информирал Ванг за деталите од привремениот договор со САД и изразил надеж дека Иран и Кина ќе ги искористат можностите што произлегуваат од меморандумот за дополнително зајакнување на билатералната соработка, особено во областа на енергетиката и економијата.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.