Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп готви тужва за Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари

    Трамп готви тужва за Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари

    15.11.2025 во 11:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната недела во САД ќе поднесе тужба против Би-би-си, барајќи отштета од една до пет милијарди долари. Причината, како што тврди тој, е „монтажа“ на неговиот говор од 6 јануари 2021 година – денот кога негови поддржувачи влегоа во Капитол.

    „Ќе ги тужиме најверојатно следната недела за отштета од една до пет милијарди долари. Мислам дека треба, во смисла дека дури и признаа дека тоа е измама. Ги извртеа моите зборови“, изјави Трамп.

    Тој додаде дека планира да разговара со британскиот премиер Кир Стармер за време на викендот, посочувајќи дека според него Стармер се обидел да го контактира и дека е „многу засрамен“ од инцидентот.

    Адвокатите на Трамп претходно и дадоа рок на Би-би-си – до вчера да го повлече документарецот или да се соочи со тужба од „не помалку од“ една милијарда долари. Освен тоа, тие побараа британскиот јавен сервис да се извини и да надомести за „значително нарушување на репутацијата и претрпената финансиска штета“.

    Би-би-си призна дека монтажата на говорот на Трамп била „погрешна процена“ и пред два дена му испрати лично извинување. Сепак, од медиумот тврдат дека Трамп нема правна основа за тужба.

    Спорниот документарец содржи три изменети извадоци од неговиот говор, што според адвокатскиот тим на Трамп го прави филмот „манипулативен и клеветнички“.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52

    Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа

    19.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.