Close Menu
Press24
    Најново

    Два случаја на насилство врз жени во Штип и Виница

    05.03.2026 во 23:51

    Чистка во Вашингтон: Кристи Ноем е првата што го напушта кабинетот на Трамп

    05.03.2026 во 23:38

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче само ја замајува јавноста

    05.03.2026 во 23:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Два случаја на насилство врз жени во Штип и Виница
    • Чистка во Вашингтон: Кристи Ноем е првата што го напушта кабинетот на Трамп
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче само ја замајува јавноста
    • ФОТО: Првите македонски државјани слетаа во Скопје
    • Филипче: Владата ќе избере обвинител само ако биде слепо послушен
    • Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името?
    • Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија – резултат на политиките на СДСМ
    • Делови од Центар и Карпош утре ќе бидат без електрична енергија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедијата можела да се спречи од самиот старт – Камбери примил поткуп за лиценцата на дискотеката „Пулс“

    Трагедијата можела да се спречи од самиот старт – Камбери примил поткуп за лиценцата на дискотеката „Пулс“

    19.11.2025 во 16:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Обвинителот Борче Јанев на судењето за „Пулс“ детално го опиша почетокот на криминалната шема во 2012 година, која му овозможила на објектот да работи како дискотека.

    Обвинетиот Дејан Јованов во октомври 2012 дошол на идеја да го пренамени објектот на Гроздан Милковски, кој служел како магацин за текстил, во дискотека.

    Јованов ја ангажирал Милка Едровска, која изработила проект и елаборати спротивно на должностите, креирајќи лажна претстава дека објектот може да исполнува безбедносни стандарди.

    Првично, Општина Кочани реагирала:

    • На 06.11.2012, Општина Кочани испратила барање за неиздавање лиценца.
    • На 13.11.2012, Министерството за економија, потпишано од министерот Ваљон Сараќини и изготвено од обвинетиот Џеваир Камбери, донело Решение со кое се одбива барањето за лиценца.

    „Тогаш прв и последен пат се активираат законските проверки и контроли“, рече Јанев, нагласувајќи дека Обвинителството има докази дека Камбери примил поткуп за издавање на некои од лиценците.

    Јанев посочи дека Дејан Јованов, во период од само две недели, успеал да ги отстрани сите бариери, со поднесување на ново барање за лиценца.

    Популарно

    Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје

    05.03.2026 во 14:04

    Дипломатски „семафор“: Србија ја стави Хрватска во ризична зона, Загреб одговори со потсмев

    05.03.2026 во 20:39

    Чистка во Вашингтон: Кристи Ноем е првата што го напушта кабинетот на Трамп

    05.03.2026 во 23:38

    ФОТО: Првите македонски државјани слетаа во Скопје

    05.03.2026 во 22:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.