57-годишен охриѓанец го загубил животот откако со своето кану се превртел во Охридското Езеро.
Инцидентот се случил вчера во 18:30, во близина на месноста „Извиднички“.
-На околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од А.Н.(57) од Охрид. На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, велат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

