Close Menu
Press24
    Најново

    Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции

    10.10.2026 во 12:52

    Мицкоски: Ќе ја продолжиме кризната енергетска состојба за уште шест месеци

    10.10.2026 во 12:50

    Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат

    09.10.2026 во 23:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Целта на оваа Влада е до крајот на мандатот да се приближиме до просечна плата од 1.000 евра
    • До крајот на годината има уште еден продолжен викенд
    • Пијани и без дозволи: Полицијата приведе 12 несовесни возачи
    • Итно соопштение до македонските државјани во Саудиска Арабија издаде амбасадата во Абу Даби
    • Масакр во Пенсилванија: Убил деветмина, па се самоубил
    • Анкета: Граѓаните се задоволни од нивниот квалитет на живот
    • Тошковски: 11 Октомври е симбол на храброста, непокорот и решителноста на македонскиот народ да застане на вистинската страна на историјата
    • Независен синдикат на полицијата: Се обиделе да ги прегазат полицајците и се дале во бегство, криминалот нема етничка граница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Целта на оваа Влада е до крајот на мандатот да се приближиме до просечна плата од 1.000 евра

    Мицкоски: Целта на оваа Влада е до крајот на мандатот да се приближиме до просечна плата од 1.000 евра

    11.10.2026 во 13:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Би дал сè за да го решам секое прашање и мака на народот. И сигурен сум дека може повеќе, но исто така сигурен сум дека успеваме и го даваме последниот атом од силата да направиме многу повеќе, да донесеме ред во безредието, да донесеме реформи во хаосот кој го затекнавме, да подигнеме цврст дом, на темелите кои одново ги ѕидавме. И во таа наша борба резултатите се видливи – истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на свечената академија во Куманово. 

    „Пеколно тешко“ е, рече, да создадеш успех во наследен руиниран систем и во светска епска криза и дека успехот го потврдуваат бројките – во вториот квартал од 2026 година остварен е раст на бруто-домашниот производ од 4,3 проценти и номинален раст од повеќе од 8 проценти и е најголем во регионот. 

    Според него, тоа е показател дека економијата се движи напред, создава нова вредност и отвора простор за повисок животен стандард. 

    -Извозот во првите осум месеци од годината достигна 5,74 милијарди евра, со раст од 8,7 проценти. Тоа значи поголем пласман на македонските производи на странските пазари, повеќе економска активност и нови можности за домашните компании. Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари, со годишен номинален раст од 7,1 процент. Целта на оваа Влада е до крајот на мандатот да се приближиме до просечна плата од 1.000 евра или нешто повеќе од 60,000 денари, рече Мицкоски.

    Во однос на стандардот и трошоците за живот, премиерот псоочи дека во последните три месеци откако, рече, „макроекономски се консолидиравме во услови на бура и тешка светска криза“, трошоците за живот растат, но многу побавно отколку кај нашите соседи и во Европската Унија, со што погрешна била тезата од минатото дека инфлцијата е увезена. 

    -Во третиот квартал – јули, август и септември, трошоците за живот пораснаа од 2,3 на 2,7 проценти или нешто повеќе од 2,5 проценти, во услови кога просекот во ЕУ е  повеќе од 3,8 проценти, или 25 проценти помалку од растот во ЕУ. Ако кај нас инфлацијата е 2,6-2,7 проценти во септември,  кај нашиот јужен сосед таа е повеќе од 5,5, а кај источниот сосед е 5,6 проценти и се очекува и кај другите соседи инфлацијата да биде повеќе од 4 проценти, додаде Мицкоски.

    -Но, нема да кажам дека овие резултати се доволни. Има семејства кои тешко ги покриваат месечните трошоци, млади кои бараат подобри можности и компании на кои им е потребна поголема поддршка. За нас економскиот успех нема да биде само бројка во статистички извештај. Вистинскиот успех ќе биде кога растот на економијата ќе се почувствува во секој дом. Затоа што држава се гради со работа, инвестиции, производство, нови работни места и резултати. Нашата амбиција е тда напредуваме така што секоја следна генерација ќе живее подобро од претходната, кажа премиерот.

    Има политичари, рече, кои не се радуваат на овие успеси зашто не можат да го видат сето ова од маглата што ја сеат.

    -И затоа, единствената работа што им преостанува е да навредуваат. Најлесно е да лажат и манипулираат. Немаат ниту визија, ниту програма. Единството знаат да потпишуваат се што ќе им биде ставено на маса, секој бел лист хартија,  само тоа ако може да го платат граѓаните. Нив ги интересира само фотелја и власт, ништо повеќе, рече Мицкоски во обраќањето

    Прочитај повеќе

    До крајот на годината има уште еден продолжен викенд

    11.10.2026 во 13:24

    Пијани и без дозволи: Полицијата приведе 12 несовесни возачи

    11.10.2026 во 12:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.