Close Menu
Press24
    Најново

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Независен синдикат на полицијата: Се обиделе да ги прегазат полицајците и се дале во бегство, криминалот нема етничка граница

    Независен синдикат на полицијата: Се обиделе да ги прегазат полицајците и се дале во бегство, криминалот нема етничка граница

    11.10.2026 во 11:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Независниот синдикат на полицијата тврди дека случајот со претепаните млади во близина на Сарај е обид за политичка манипулација, и го осудуваат, како што велат оттаму, ставањето етнички предзнак на борбата против недозволената трговија со дрога.

    Во објава на Фејсбук, синдикатот изнесува детали за полициската акција, наведувајќи дека осомничените лица најпрво се обиделе да ги прегазат полициските службеници, а потоа му го одзеле службеното оружје на еден од нив.

    Според информациите со кои располага синдикатот, осомничените се дале во бегство, при што предизвикале неколку сообраќајни незгоди на автопатот Скопје – Тетово. Во тие околности се здобиле со повреди, а дрогата била пронајдена по дополнителна проверка.

    Од синдикатот велат дека националноста на полициските службеници кои постапувале во акцијата е ирелевантна, нагласувајќи дека тие го изложуваат својот живот на ризик за да спречат сериозен криминал.

    „Криминалот нема етничка граница“, порачуваат од синдикатот, повикувајќи ги сите релевантни институции внимателно да го проверат настанот и постапувањето на полициските службеници.

    Истовремено, од Независниот синдикат на полицијата ги повикаа политичките партии да се воздржат од, како што наведуваат, заземање страна на криминалот.

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.