12 возачи се приведени во текот на изминатото деноноќие, соопшти МВР.
Оттаму велат дека осуммина возеле без возачка дозвола, а четворица под дејство на алкохол.
МВР ги соопшти и идентите на возачите без дозвола – Р.Е.(23), К.Б.(27), С.М.(31) и Љ.Ш.(29), сите од Скопје, Е.М.(19) од Дебар, Б.И.(53) од Гостивар, Д.А.(30) од село Порој и 17-годишен малолетник од село Здуње.
Четворица возачи управувале возило под дејство на алкохол. Кај А.Т.(46) од Струмица биле измерени 1,84 промили алкохол во крвта, кај М.Ј.(22) од Радовиш 1,52 промили, кај Д.М.(36) од село Амзабегово, светиниколско, 1,54 промили, додека кај П.Т.(36) од Битола биле измерени 1,93 промили алкохол во крвта.
-По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, како и под дејство на алкохол или доколку имаат активна мерка забрана за управување со моторно возило, велат оттаму.

