Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери
    • Утре одиме во портокалова фаза: Уште еден пеколен ден – попладне може и да заврне
    • Зимата ќе биде студена: Европа се најниски резерви на гас во последните 13 години
    • Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод
    • Фејсбук и Инстаграм за деца по 2 часа дневно – САД и Мета се договорија
    • По 6 години прв смртен случај од западнонилска треска во Холандија
    • Во САД се помалку дебели луѓе – Оземпик е главната причина
    • Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски – Гарка                                                   
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија во Германија: Починаа две деца откако автомобил влета во група ученици

    Трагедија во Германија: Починаа две деца откако автомобил влета во група ученици

    27.05.2026 во 16:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уште едно дете им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи во германскиот град Динслакен, каде автомобил удри во група ученици кои оделе кон училиште. Според последните информации, состојбата е критична по оваа нова трагедија што ја потресе земјата.

    Несреќата се случила околу 7:45 часот на Хагенштрасе, во регионот Рур во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Три 12-годишни деца кои се возеле со велосипед кон училиште се потешко повредени во несреќата, додека едно поминало со полесни повреди.

    Според полицијата, зад воланот на автомобилот „Фолксваген“ била 47-годишна жена од Динслакен. Таа од сè уште нејасни причини одеднаш свртела лево и челно удрила во групата деца.

    „Жената се судрила со три деца на велосипеди кои доаѓале од спротивната насока, а потоа и со три паркирани автомобили“, се вели во соопштението на истражителите.

    Германските медиуми пренесуваат дека силината на ударот била огромна, при што детските велосипеди биле целосно уништени и искршени на парчиња.

    На местото на настанот веднаш пристигнале бројни екипи на брза помош и полиција, а повредените 12-годишници итно биле пренесени во блиските болници. Поради сериозноста на нивната состојба бил повикан и хеликоптер на брзата помош, кој на крајот сепак не бил употребен од засега непознати причини.

    Јавното обвинителство информираше дека возачот на автомобилот исто така претрпел сериозни повреди и е хоспитализиран.

    Полициски тимови со часови го обезбедуваа местото на трагедијата и собираа докази, а истрагата за точните причини за несреќата е во тек.

    Прочитај повеќе

    Зимата ќе биде студена: Европа се најниски резерви на гас во последните 13 години

    26.08.2026 во 22:02

    По 6 години прв смртен случај од западнонилска треска во Холандија

    26.08.2026 во 21:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.