Трагедија на Алпите: млад скијач загина од лавина, уште еден е исчезнат

 

Осумнаесетгодишен скијач од Велика Британија загина во голема лавина на швајцарските Алпи, а уште едно лице е затрупано под снежниот нанос, пишува „Тајмс“ наведувајќи дека оваа сезона во Швајцарија загинале 15 лица во лавини.

Несреќата се случила во вторникот во ски-центарот „Мајринген“.

Двајцата скијачи први се спуштиле на патеката, а во групата во тој момент имало 12 лица.

Во спасувачката акција за потрага по исчезнатиот скијач учествуваат хеликоптери, полиција и кучиња трагачи.

23.03.2023 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега