Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ
    • Пожар во Визбегово зафати два објекти во изградба
    • Сиљановска-Давкова оствари средба со ЦУП: Поддршка за иницијативата за бесплатен пристап до „Службен весник“
    • Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред
    • Муцунски во Њујорк оствари средба со британската пратеничка Карен Пирс
    • Крвав инцидент во Скопје: Со остар предмет нападнал сосед, неговата сопруга и сосетка
    • Вдовицата на Саша Поповиќ: „Ме заборавија од сцената, знам многу работи, ќе раскажам сè“
    • Кичево: Брат си го пријавил братот во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски за случајот со убиството во Велес: МВР поднело пријава, а што направиле Обвинителството и Судот?

    Тошковски за случајот со убиството во Велес: МВР поднело пријава, а што направиле Обвинителството и Судот?

    17.09.2025 во 20:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиството во Велес изјави дека МВР поднело кривична пријава за лицето што ги уби Росица Коцева и нејзиниот татко по што се самоуби, и потенцираше дека обвинителството е тоа што предлага, а судот одредува притвор и носи пресуда.

    Тошковски рече дека е срамно да се лаже и да се манипулира јавноста заради одредени политички поени.

    „Кој во оваа држава изрекува мерка притвор, и кој во оваа држава изрекува мерка затвор односно казна затвор? Кој во оваа држава согласно закон може да предложи мерка притвор, кој во оваа држава единствено може да поднесе обвинение? На првото прашање одговорот е единствено судот може да определи мерка притвор, на второто прашање единствено обвинителство може да предложи мерка притвор. Во оваа ситуација, јас не велам дека имало или немало вина и во рамки на постапувањето на МВР. Има внатрешна контрола, ќе покаже истрагата дали Министерството затаило или не затаило, ама срамно е да се лаже јавноста и да се манипулира јавноста Тошковски е крив. Зошто? Зошто судот досудил условна осуда. Зошто е Тошковски крив? Заради тоа што јавното обвинителство не побарало притвор“ рече министерот Тошковски во интервју на Тема на денот на Сител.

    Според него, треба да се постават други прашања дали за овој тип кривични дела треба да има построги санкции, дали треба поинаку да се процесуираат во рамки на ЗКП и друго.

    За најавата дека утре ќе има протести пред МВР во врска со фемицидот во Велес и други убиства на жени, министерот за внатрешни работи рече дека не го оспорува правото на протест, но оти се знае кој е суд во државата, а кој обвинител.

    Тошковски потенцира дека МВР поднело кривична пријава за сторителот и прашува дали обвинителството побарало притвор.

    „Изрекол ли судот мерка притвор за убиецот? МВР поднело кривична пријава. МВР ги презело дејствијата што требало да ги преземе. Дали тие биле навремени, соодветни, согласно професионални стандарди ќе провериме ама ја поднело кривичната пријава. Зошто обвинителството не побарало притвор? Зошто судот кога ја донел пресудата донел условна пресуда? Зошто не донел казна затвор? Да донел казна затвор и да утврдел мерка притвор сега Росица ќе беше жива“ рече Тошковски.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ

    24.09.2026 во 21:26

    Пожар во Визбегово зафати два објекти во изградба

    24.09.2026 во 21:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.