Тошковски за кртовите во МВР кои ги пробиваат акциите: Ќе ги решиме
Се води соодветна постапка под надлежност на Јавното обвинителство за тоа дали бегството на Артан Груби е организирано, дали имало други вмешани и така натам, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата по седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.
Во одговор на друго новинарско прашање за кртовите во редовите на МВР кои ги пробиваат акциите, министерот за внатрешни работи смета дека и покрај дисфункционалниот систем кртовите, односно како што тој ги нарече предавници во МВР, се постигнати драстично различни резулатите во споредба со претходно.
-Само една акција која ја спроведовме во координација со ЈО за гонење на организиран криминал и корупција расветли осум убиства, кои 80-90 отсто се сторени во мандат на мојот претходник. Разликата е очигледна, но уште многу ќе треба да сториме за да имаме максимално професионална полициска служба. Уште многу ќе треба да сториме за да ги решиме кртовите, уште многу ќе треба да решиме за да остане запаметено во јавноста дека криминалот и корупцијата се неисплатливи и за истото за одговара, подвлече Тошковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа