Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство – жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени

    24.03.2026 во 17:49

    Повредени двајца 20 годишници, излетале со автомобил

    24.03.2026 во 17:34

    Одржана тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба“ во Уставниот суд

    24.03.2026 во 17:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство – жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
    • Повредени двајца 20 годишници, излетале со автомобил
    • Одржана тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба“ во Уставниот суд
    •  Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка
    • Претседателката се сретна со хрватскиот колега: Одлични билатерални односи
    • Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета, состојбите се следат на дневна основа, ќе се преземат и таргетирани мерки зависно од развојот на состојбата
    • Пролет и зима во ист ден – ова се измерените температури во Македонија во 16 часот
    • Голема катастрофа за овошките – Попоски најавува студен бран каков што немаше ни во јануари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство – жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени

    Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство – жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени

    24.03.2026 во 17:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, а институциите интензивно работат на системски промени и подобрување на реакцијата кон жртвите.

    Тој посочи дека бројките се значајно повисоки од вообичаеното и дека јавноста треба да биде свесна дека дел од растот се должи на зголемена доверба во институциите и охрабреност на жртвите.

    – Ако претходно сме имале еден до два случаја неделно, сега имаме по неколку дневно. Само викендов имавме повеќе од 10 пријави за семејно насилство. Тоа говори дека жртвите се охрабрени да го пријават насилството. Тоа говори дека на еден начин имаме побудни институции не само во делот на БЈБ и секторите за внатрешни работи при МВР, туку и во рамките на другите институции – рече Тошковски по настанот со кој беше означен почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на малото и лесното оружје.

    Министерот додаде дека ваквите бројки бараат итно дејствување од сите надлежни институции, особено во делот на зајакнување на системите за заштита и одговорност на оние кои што не постапиле соодветно.

    Тошковски најави дека се подготвуваат и итни измени во законската рамка, која се однесува на семејното насилство, а процесот ќе се одвива во две фази – брзи законски интервенции и потоа целосна ревизија.

    Популарно

    Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство – жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени

    24.03.2026 во 17:49

    Повредени двајца 20 годишници, излетале со автомобил

    24.03.2026 во 17:34

    Одржана тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба“ во Уставниот суд

    24.03.2026 во 17:23

     Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка

    24.03.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.