Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета, состојбите се следат на дневна основа, ќе се преземат и таргетирани мерки зависно од развојот на состојбата

    Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета, состојбите се следат на дневна основа, ќе се преземат и таргетирани мерки зависно од развојот на состојбата

    24.03.2026 во 16:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме стандардот на граѓаните. Ова го оцени заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување на ТВ 24.

    „Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% во никој случај не е задоцнета.  Ги следиме работите, а факт е дека никој, па и од академската фела не знае кога ќе заврши конфликтот. Во Министерството за финансии имаме разработено неколку сценарија заедно со меѓуресорската комисија којашто е состaвена и од претставници од Министерство за енергетика, Министерството за економија и труд,  Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Тие сценарија се разгледуваат и остануваат одредени таргетирани мерки коишто би можеле да се применат при евентуална  можна ескалација на настаните на Блискиот Исток“, рече заменик-министерот.

    Тој дополни дека во овој момент е активирана оваа мерка, но дека се размислува и на таргетирани мерки.

    „Рано е да се прејудицира, но сепак целта е да се зачува животниот стандард на граѓаните. Имаме листа кои цени се зголемени и во кој обем. Пазарниот инспекторат е на терен и проверува дали влезните инпути ја диктираат таа продажна цена или има некои малверзации. Ги чекаме резултатите. Ако има нелогичности во тоа секако ќе се изречат и одредени казни“, рече Јанкуловски и истакна дека на дневна основа ќе се следат состојбите и во зависност од извештаите ќе се одлучи дали ќе се оди и кои таргетирани  мерки ќе се преземат се со цел да се зачува животниот стандард на граѓаните. При тоа посочи дека проблем со недостиг на горивата нема и дека во наредните 60 дена нема да се случи.

    Потенцира дека Владата од почетокот е во комуникација и со бизнис секторот и со енергетските компании и со производителите на храна и дистрибутерите и оти ова не е адхок решение како во 2021 и 2022 година кога инфлацијата годишна беше 14%.  

    „Оваа Влада од првиот момент на доаѓање максимално е посветена на фискална консолидација и намалување на инфлацијата. Декември ја завршивме со 4,1%, 3,2% во јануари и 2,9% во февруари. Знае оваа Влада што се презеде за да го намали буџетскиот дефицит од една страна, кој е главен параметар за фискалната консолидација, од 4,4% во 2024 година, 4%  во 2025 и доколку случувањата нема да ескалираат се надевам и 2026 да ја завршиме со 3,5%. Со тие параметри за финансиска консолидација и финансиска стабилност, зголемување на приходите, заедно со овие мерки што ги преземаме и ќе ги преземаме во иднина за заштита на животниот стандард, ќе го постигнеме она што сме го предвиделе со ревидираната Фискална стратегија“, наведе Јанкуловски.

    Во гостувањето истакна дека буџетот е ликвиден и дека Владата сериозно е посветена на економскиот раст. Доколку има екстремни случувања, коишто ќе имаат влијание,  Владата реално, одговорно и искрено ќе ги изнесе аргументите доколку има корекција на проекциите коишто се планирани за 2026 година.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.