Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20

    Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање

    29.10.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Топлотниот удар зема замав: Над 30 степени во 11 часот, ова се температурите низ градовите

    Топлотниот удар зема замав: Над 30 степени во 11 часот, ова се температурите низ градовите

    10.08.2026 во 11:202 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    УХМР ги објави температурите низ Македонија во 11 часот претпладне. Според мерењата, живата на термометарот на многу места е веќе над 30 степени.

    Најтопло е во Демир Капија каде се измерени 33 степени, додека Попова Шапка со 19 степени е местото каде има најниска температура во 11 часот.

    Во Скопје живата на термометарот покажа 31 степени.

    Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

    Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени.

    УХМР

    Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 22 степени, а дневната ќе достигне до 40 степени.

    И во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. На места температурите ќе достигнуваат до 40 степени, а високите температури ќе се задржат и во текот на ноќта.

    Во четврток и петок се очекува зголемување на нестабилноста, со услови за појава на пороен дожд и грмежи.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.