Топла воздушна маса се движи кон Македонија - метеоролозите информираат кој ден од неделава ќе биде најтопло
Денеска времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Долж повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, попладне во планинските места ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, информира метеорологот Славчо Попоски.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 32 степени.
Во текот на следните денови, нашата територија ќе подпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ и истата ќе услови многу високи температури на воздухот.
Особено топло ќе биде од среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени а времето ќе сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец, во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.
УВ индексотќе има екстремна вредност и ќе има коефициент измеѓу 9 и 10 па затоа граѓаните со себе задолжително со себе да понесат заштитна опремна (капа и наочари за сонце).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа