Томовски: Треба да се купи нов владин авион
Директорот на СОЗР при Владата, Ивица Томовски, во емисијата на „360 степени“, емитувана на МРТ, изјави дека потребен е нов владин авион.
- Владиниот авион е во функција, ќе оди во Виена на вонреден сервис. Неколку пати сум кажал во јавноста дека имам чувство како да се распаѓа. Не дека не се одржувал во минатото, но најверојатно е старост на авионот и не може да ги издржи годините, изјави Томовски за „360 степени“.
Според него е потребен нов авион бидејќи владиниот авион е дваесетина години стар.
-Многу често ни се случуваат дефекти. Сега е на сервис бидејќи протекува гориво од резервоарите. Тоа е сериозен проблем. Претседателот на Собранието беше приморан да се враќа во Македонија со редовни летови и други проблеми кои произлегуваат од одржувањето. Немаше полетување со него…, додаде Томовскиво емисијата.
Според Томовски, во ред е и половен авион но не постар од 2-3 години.
Нов авион би чинел од 30 до 40 милиони евра па нагоре, додека половен околу 15 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа