Прва реакција на Трамп по говорот на Путин

 

Американскиот претседател Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа. Тој денеска се среќава со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Трамп на самиот почеток се осврна на изјавата на Путин дека „се согласува со предлогот за прекин на огнот за прекин на непријателствата, но дека треба да тргнеме од фактот дека овој прекин на огнот мора да доведе до траен мир“.

„Изјавата на Путин ветува, но не е целосна. Се надевам дека Русија ќе ја направи вистинската работа“, рече Трамп.

Американскиот претседател, исто така, рече дека е подготвен да разговара со рускиот претседател за да обезбеди прекин на огнот.

13.03.2025 - 21:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега