Том Фелтон заработил 14 милиони фунти за 31 минута во „Хари Потер“

Том Фелтон ги фасцинираше гледачите во улогата на злобниот Драко Мелфој во филмскиот серијал „Хари Потер“, но она што е уште пофасцинантно е неговата заработка.

И покрај тоа што е најлошиот непријател на Хари, барем во ѕидовите на Хогвортс, ликот на Фелтон има само 31 минута и 45 секунди на екранот во сите осум филмови. Актерот за нешто повеќе од половина час од неговото појавување на екранот заработил дури 14 милиони фунти, пренесуваат британски медиуми.

Фелтон, сега 35-годишен, во целиот серијал поминува помалку време на екранот од Даниел Редклиф, Ема Вотсон или Руперт Гринт, кои имаат 539 минути, 205 минути и 211 минути, но изненадувачки, го гледаме уште помалку од Хагрид, кој успеа да собере солидни 45 минути.Британскиот актер имал само 13 години кога почнало снимањето на „Хари Потер и Каменот на мудроста“, а со оглед на тоа што повеќето деца на таа возраст обично се запознаени само со парите во своите касички, не е чудно што Фелтон не бил највнимателен со својата заработка. Актерот претходно изјави за „Дејли мејл“ дека потрошил голем дел од своите пари на „типични тинејџерски работи“.

„Купив многу работи што ги купуваат деца: скејтборди и облека и типични тинејџерски работи. И, штом можев, фрлав многу пари на автомобили, главно ‘бе-ем-ве’, за мене и моето семејство. Мајка ми ми рече: многу работеше, затоа земи што сакаш, но внимавај, ќе изгубиш пари на автомобили. И беше во право“, рече актерот.

Фелтон наводно се нашол во неволја со даночната служба откако потрошил пари, а во еден момент дури имал и извршител на врата, но подоцна успеал да ги стабилизира своите финансии со помош на сметководител.

28.10.2022 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега